Хит фотографија од соблекувалната на Манчестер Сити: Добија неочекуван гостин по натпреварот! Сите зборуваат за оваа сцена (фото)

Фудбалерите на Манчестер Сити за неколку дена остварија две победи со резултат 3:1.

Прво како гости го совладаа Вест Хем во Премиер лигата, а потоа на свој терен Црвена Звезда во Лигата на шампионите.

Покрај случувањата на теренот, вниманието на јавноста го привлече и една ситуација во соблекувалната на актуелниот освојувач на Лигата на шампионите и Премиер лигата.

По победата над Вест Хем, сенегалскиот кошаркар Мамаду Ндијаје влезе во соблекувалната на Сити.

Кошарркарот висок 229 сантиметри се сликаше со ѕвездите на Сити, па дури и 194 сантиметри високиот Ерлинг Халанд изгледаше како „бебе“.

Да не зборуваме за Едерсон, а особено за Бернардо Силва.