Добро упатени дипломатски извори велат дека холандскиот амбасадор во Скопје, Дирк Јан Коп. наскоро си заминува од Македонија.
Наскоро тој ќе ја напушти земјата и ќе се врати во Холандија, каде ќе се повлече од холандската дипломатија.
Амбасадорот Коп ќе биде заменет од Министерството за надворешни работи на Холандија со друг дипломат и овој предлог наводно веќе бил одобрен од официјално Скопје.