Холандски авиони „стрелец“ налетаа на руски воени авиони во близина на Полска

Два холандски борбени авиони Ф-35 налетале на три руски борбени авиони во формација во близина на Полска и ги придружувале подалеку од источноевропската земја на НАТО, соопшти холандското Министерство за одбрана.

Во соопштението објавено доцна синоќа, се вели дека „се уште неидентификуваниот авион се приближил од Калининград во полската област на одговорност на НАТО“. Руската балтичка енклава се наоѓа меѓу Полска и Литванија, две земји кои се членки на Северноатлантскиот договор и на Европската унија.

Подоцна беше утврдено дека се работи за извидувачки авион Ил-20М и два борбени авиони Су-27. Два холандски авиони Ф-35 од далечина ги придружуваа трите руски воени авиони, а потоа мисијата им ја предадоа на нивните партнери во НАТО.

Осум холандски борбени авиони Ф-35 се стационирани во Полска овој и следниот месец.