Дик Ван Дајк (98) неодамна беше фотографиран пред теретана, а вниманието на јавноста го привлече неговата поубава половина.
Како што пренесуваат странските медиуми, ова е ретко појавување на холивудскиот ветеран во јавноста, бидејќи во последните неколку години го избегнува светот на познатите.
И кога помисливме дека неговото лице никогаш повеќе нема да ја види светлината на денот – се лажевме.
Папараците го сликаа славниот актер пред теретана во Лос Анџелес, а друштво му правеше и неговата 46 години помлада сопруга Арлин Силвер (52).
Како што можете да видите, Ван Дајк се уште не се откажува и оди со помош на бастун, а неговата сакана е секогаш подготвена да му помогне доколку има потреба.