Холивудската ѕвезда повторно доживува ‘психотична епизода’ – “Одеше гола и сама, па запре автомобил…“: Познатата актерка заврши на надзор под доктори
Американската актерка Аманда Бајнс (36 г.) била ставена под надзор на доктор откако во неделата талкала по улиците на Лос Анџелес „гола и сама“, пишува Daily Mail.
Магазинот TMZ известува дека Бајнс запрела возач на автомобил додека била на улица и му рекла дека доживува „психотична епизода“. Актерката потоа повикала полиција. Бајнс потоа била одведена во соодветната полициска станица каде експертите за ментално здравје утврдиле дека таа треба да биде ставена под надзор на доктори.
Законот во Калифорнија дозволува полицијата и докторите да задржат лице 72 часа. Во овој период, лицето се подложува на докторски преглед. Бајнс моментално е во болница и најверојатно ќе ги помине следните неколку дена таму. Се претпоставува дека актерката не се здобила со повреди при споменатиот инцидент.
Минатата сабота Бајнс требаше да се појави на саем посветен на 1990-тите години заедно со нејзините колеги актери со кои работеше на серијата „All That“, но во последен момент таа го откажала доаѓањето. Таа тогаш кажа дека била спречена од непозната болест. Актерката претходно изјави дека со нетрпение очекува повторно да се соедини со колегите Кенан Томпсон, Кел Мичел, Дени Тамберели, Лори Бет Денберг и други.
Да дојдеше на саемот, тоа ќе беше нејзино прво појавување во јавноста откако во март 2022 година заврши конзерваториумот во кој помина девет години. За неа во тој период се грижела нејзината мајка Лин. Таа влезе во конзерваториум по јавен дефект и проблеми со законот.
Бајнс и нејзиниот вереник, студент по право и здравствен работник Пол Мајкл, ја раскинаа свршувачката во јули 2022 година, но наводно ја обновиле врската во август истата година. Се шпекулира дека живеат заедно во домот на Бајнс во Лос Анџелес. TMZ пишува дека не ја обновиле свршувачката и дека се само во врска.
Двојката се запознала на крајот на 2019 година, на состанок на анонимни алкохоличари. Тие се вериле на „Денот на вљубените“ во 2020 година. На 28. април 2020 година, Бајнс повикала полиција откако Мајкл, наводно, бил предозиран од опијати. Таа го обвини дека го вандализирал домот на неговата мајка, гледал порнографија и ги прекинал лековите од докторите.
Во 2019 година, Бајнс доби диплома од Институтот за моден дизајн и производство на дизајнерски производи. После тоа, актерката наводно се посветила на развојот на парфеми и продолжување на студиите на Институтот.