ХОЛИВУДСКА ЅВЕЗДА МЕТА НА БАЛКАНСКИ “КЛАН“ – Жена од Романија украла вреден накит од позната актерка додека таа се релаксирала во луксузен хотел

Полицијата во САД трага по Романка поради кражба на накит и кредитни картички од шкафче во спа хотел во Холивуд, Калифорнија.

Меѓу жртвите, според канцеларијата на шерифот во Лос Анџелес, е и актерката Лили Колинс, на која осомничената жена од Романија наводно и ја украла бурмата.

Лили Колинс

Осомничената Андреа Каталина Роска (34 г.) патува низ земјата, правејќи слични кривични дела“, се вели во соопштението на шерифот објавено на социјалните мрежи.

Истражителите сметаат дека Андреа Каталина Роска е поврзана со групи специјализирани за кражби од Романија.

Медиумите пренесуваат дека вереничкиот прстен и кредитните картички на познатата актерка Лили Колинс и биле украдени додека била во козметички салон во хотел во Лос Анџелес. Хотелот, кој бил цел на два грабежи, не беше именуван во изјавата на шерифот.

Лили Колинс (34 г.) уживала во релаксирачки ден во Западен Холивуд додека ги чувала своите работи во бањата во хотелот. Кога се вратила ги пронашла нејзините работи како исчезнати, но немало траги од насилно влегување.

Актерката проговори со нејзиното скршено срце поради губењето на скапоцениот свршенички прстен, откривајќи дека тој бил специјално дизајниран од нејзиниот сопруг, режисерот Чарли Мекдауел.

Според властите, Андреа Каталина Роска имала лажна лична карта на државата Вашингтон на името на Никол Мори, а властите распишале потерница под лажното и вистинското име на Романката.

Не е познато како осомничената дошла до шкафовите на хотелот.

Се додава дека Андреа Каталина Роска наводно ја користела украдената стока за да создаде лажен идентитет за да продаде накит вреден повеќе од 67.000 долари.