Холивудскиот заводник се скраси покрај 33 години помлада жена! Ричард Гир и Алехандра Силва ги привлекоа сите погледи на настанот во Њујорк
Актерот Ричард Гир (74) неодамна присуствуваше на галата „Magic of Motown“ во Њујорк, заедно со неговата сопруга Алехандро Силва.
Ричард Гир ретко се појавува во јавноста, а сега на важен настан во Њујорк се појави со сопругата Алехандра Силва, која е 33 години помлада од него.
Шармантниот актер изгледаше елегантно во класична јакна , панталони и бела кошула. Алехандра Силва носеше фустан од тул во црна боја, кој е полупроѕирен и нежно слоевито паѓа на подот.
Двојката блесна на настанот и беше магнет за очи. Тие се во брак од 2018 година, а заедно се од 2014 година, па оваа година слават 10-годишнина од љубовта.
– Јас сум најсреќниот човек во универзумот – и како да не бидам? – изјави Ричард Гир зборувајќи за својот брак.
– Оженет сум со убава жена која е паметна, чувствителна, посветена да им помага на луѓето, која е смешна, трпелива, која знае да прости, која е одлична готвачка – и која ги прави најдобрите салати на светот – додаде тој.
Двојката никогаш не обрнала внимание на значителната разлика во годините меѓу нив. Гир еднаш истакна дека од самиот почеток било јасно дека се родени еден за друг, иако тој е 33 години постар од сопругата.