Холивуд ја ископира Јагодинка Симоновиќ: Сите месат, но кој е подобар? Погледнете ги овие сцени! ,,Меси сине, меси” (ФОТО/ВИДЕО)
Сцената од филмот „Varljivo ljeto 1968“ на Горан Паскаљевиќ, во кој матурантот Петар (Славко Штимац) и пекарката Јагодинка Симоновиќ (Драгана Варагиќ) го месат тестото, стана вирална како една од најлегендарните сцени на балканското кино.
И навистина нема човек кој не го знае овој кадар, дури и ако по некоја луда причина сте го пропуштиле да го гледате филмот:
За оние кои не знаат или не се сеќаваат, заплетот оди вака:
Во летото 1968 година, средношколецот Петар се заљубува наизменично и истовремено во неколку жени, главно зрели и мажени: фармацевтки, пекарки, библиотекарки, во двете ќерки на претседателот на судот, и во неговата професорка по социологија… А оваа потреба да се најде „жената на неговиот живот“ го води во низа деликатни и комични ситуации и го излудува татко му кој го игра Данило Стојковиќ.
Таа позната сцена со Јагодинка штотуку доби своја копија во осмата епизода од втората сезона „And just like that“, продолжението на култната серија „Сексот и градот“.
Главните актери на оваа сцена се Ентони, најдобриот пријател на Шарлот и Италијанецот Џузепе, неговиот нов вработен.
Ентони, всушност, е сопственик на моментално најбараната пекара во Њујорк, Hotfellas, која стана популарна среде Ковид, благодарение на фактот што испораките ги вршат исклучиво згодни фраери облечени во минијатурни шорцеви.
Во седмата епизода, Ентони го запознава исклучително надарениот Џузепе, кој му помага да блесне во неговото прво ТВ гостување во шоуто на Дру Баримор. Со својот „талент“ Џузепе ги хипнотизираше и Дру и Ентони и гледачите, а во новата епизода тие двајца ,,ce cкокаат” во улогите на Петар и Јагодинка.