Холивуски грабеж во Куманово: Шеесет и петгодишна кумановка стана плен на измамник, кој ѝ украл 30 илјади евра!
На 65-годишна кумановка и’ биле измамени 30 илјади евра.
Според соопштението на МВР, постарата жена добила телефонски повик од некој кој се претставувал како полицаец и и’ зел 30.000 евра, под изговор дека нејзината ќерка учествувала во сообраќајна несреќа.
„На 31.01.2025 година во 14:30 часот, 65-годишна кумановка пријавила дека од страна на лице и’ била измамена 30.000 евра. Според пријавата, лицето и’ се јавило на телефон и претставувајќи се како полицаец ја известило дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна незгода во која удрила дете имигрант и ќе мора да плати одредена сума пари за да избегне кривично гонење“, соопштија од Секторот за внатрешни работи.
Како што е соопштено, таа ги оставила парите на договорената локација, а подоцна разговарала со ќерката и сфатила дека била измамена.
Во изминатите неколку дена имаше многу обиди за измама.
На 83-годишен кумановец завчера му биле одземени 100.000 денари, додека 66-годишна кумановка останала без 2.500 евр. Во меѓувреме имало обиди за поголема измама, но безуспешно.
Минатата година во кумановско се случиле две измами со иста шема на дејствување.
„Според пријавите, сторителите се јавуваат и со изнесување лажни факти ги измамуваат граѓаните дека член на нивното семејство доживеал сообраќајна незгода и дека е потребна одредена сума пари за да се изврши операција или да се избегне кривично гонење“, велат оттаму. од Секторот за внатрешни работи Куманово.