ХОРОРОТ ВО ГРЦИЈА ПРОДОЛЖУВА – Неконтролираните пожари ја ‘голтаат’ земјата, илјадници луѓе се евакуирани, температурата се искачува на 41 Целзиусов: “Се бориме на 9 фронта…“
Грција се бореше со нов бран смртоносни пожари во вторникот, втор за еден месец, кој веќе однесе два животи и поттикна многу жители да се евакуираат.
Неконтролирани пожари беснеат на североистокот на земјата, на островите Евбеја (близу Атина) и Китнос и во провинцијата Беотија, северно од Атина, придружени со опасна комбинација на силен ветер и температура до 41 Целзиусов степен.
„Имаме девет активни фронтови“, изјавила за AFP портпаролката на противпожарната служба и додала: „Имавме слична ситуација во јули“, мислејќи на претходниот бран пожари во кој загинаа пет лица.
Во понеделникот вечерта беше издадена наредба за евакуација на болницата во Александрополис, пристанишен град во североисточна Грција, каде пожарите беснеат веќе четврти ден по ред. Крајбрежната стража известува дека евакуирала 65 пациенти на траект што чекал во пристаништето.
Во центарот на островот Евбеја, во понеделникот вечерта беше издадена наредба за евакуација на индустрискиот град Неа Артаки, каде во пожарот беа оштетени живинарски и свински фарми.
Пожарот го загрози и националниот парк Дадиџи, на северот на земјата, каде во понеделникот вечерта беше пронајдено тело, најверојатно на мигрант без документи.
Во понеделникот во Беотија бил пронајден мртов и овчар.
Европската унија најави дека ќе испрати два авиони за помош на Кипар и романска противпожарна бригада преку механизмот за цивилна заштита на ЕУ.
Екстремно топло и суво време, кое фаворизира појава на пожари, во Грција ќе продолжи до петок, предупредува метеоролошката служба.