Хорор видео од Украина: Дрон разнесе оклопно возило, распарчени и јагленосани тела лежат на патот, не може ни да се препознаат
На социјалните мрежи кружи застрашувачко видео од Украина на кое се гледа уништено оклопно возило во пламен и тела на војници.
Телата, кои се распарчени и изгорени наоколу, не може со сигурност да се идентификуваат, а засега нема потврда дали на снимката се гледаат припадници на руските или украинските сили. Еден војник е пресечен на половина, а на другите им недостасувале делови од телото.
– Гинат за џабе – вели снимачот.
Оклопното возило најверојатно било погодено од дрон со оглед на забележаната штета.
Засега не е познато каде точно е снимена грозоморната сцена, но личноста која снима неколку пати го споменува Дњепропетровск.
На видеото се гледа и дека граѓаните постојано минуваат покрај улицата каде се наоѓаат деловите од телата на паднатите војници.
Рускиот претседател Владимир Путин, да потсетиме, денеска изјави дека украинската офанзива започна на сите фронтови.
Путин нагласи дека вооружените сили на Украина не ги постигнале своите цели во ниту еден сектор поради храброста на руските војници и правилната организација на трупите.
– Може да се каже дека сите претходни контраофанзивни обиди пропаднаа, но офанзивниот потенцијал на трупите на режимот во Киев сè уште постои – рече Путин.
Во претходните денови, според неговите зборови, вооружените сили на Украина доживеале загуби кои значително ја надминуваат „класичната бројка“ од три спрема еден.
Според податоците на руското Министерство за одбрана, Киев изминатиот ден загубил 945 војници, како и 33 тенкови, 28 борбени возила на пешадија, 38 оклопни борбени возила, три самоодни артилериски единици „Краб“…