ХОРОР – Водач на култ им ветувал на своите следбеници ‘средба со Господ’! Она што властите во оваа земја го откриле во шумата е тешко да се прераскажува…
Пол Нтенге Мекензи, самопрогласен свештеник и водач на кениски верски култ, кој е обвинет за поттикнување на неговите следбеници да гладуваат, се појави пред судот во Малинди во вторникот, а сега дополнително се соочува со обвиненија за тероризам и трговија со деца.
Во 2003 година, Пол Нтенге Мекензи ја основал меѓународната црква „Добри вести“ и ги изгладнувал своите следбеници до смрт, убедувајќи ги дека на тој начин „ќе го запознаат Исус“. Досега, како што пишува The Guardian, потврдена е смртта на 109 лица, од кои повеќето биле деца.
Судницата во вторникот била преполна со роднини на жртвите. Покрај водачот на култот, на обвинителната клупа имало уште осум лица. По краткото рочиште, случајот бил префрлен на високиот суд во вториот по големина град во Кенија, Момбаса, каде што осомничените ќе се соочат со обвиненија за тероризам, убиства, киднапирање, суровост кон деца и други злосторства.
Пол Нтенге Мекензи и неговите сообвинети, наводно, ќе бидат сместени во затворот Шимо ла Тева со висок степен на обезбедување, каде што отслужуваат казни некои од најопасните криминалци во Кенија.
Властите на оваа африканска земја го осудија култот на Пол Нтенге Мекензи, кој ги радикализираше децата, споредувајќи ги нивните наводни активности со тероризам.
Локалните жители во Малинди тврдат дека учењата на Пол Нтенге Мекензи станале сè поконтроверзни во годините пред затворањето на црквата во 2019 година.
„Тој ги повика луѓето да не јадат или да се занимаваат со она што тој ги сметаше за ‘светски’ активности – тој се спротивстави на одење на училиште, барање медицински услуги и им забрануваше на жените да користат козметика. Но, наиде на отпор од заедницата, што наводно придонело за затворање на неговата црква“, откриваат мештаните за тамошните медиуми.
„Пораснав мислејќи дека свештеникот е личност на која можам да му верувам. Бев подготвен да направам апсолутно се што ќе побара од мене… Кога конечно се обидов да се дистанцирам од црквата поради моите сомнежи во неговото проповедање, тие почнаа да ми се закануваат, а еден од телохранителите на Нтенге многу ме претепа. Успеав да избегам дури откако татко ми интервенираше, но мајка ми остана посветена следбеничка на Мекензи“, рекол 16-годишниот Али, кој се приклучил на црквата кога имал само осум години.
Се сомнева дека овој човек радикализирал 73 деца во текот на неговите дејствија.
Тој, всушност, ги убедил своите следбеници да го следат до шумата оддалечена приближно 80 километри од градот Малинди, каде што, како што им кажувал – „ќе го чекаат Господовото враќање“.
Многумина му верувале и направиле импровизирани села во шумите, кои Нтенге, наводно, ги именувал по библиските градови како Ерусалим, Сидон и Назарет. Колку повеќе биле изолирани следбениците, толку пострашни станувале практиките што ги правел култниот водач. Неодамна, десетици натрупани тела беа откриени во плитки гробници низ шумата, а многумина сега со право се прашуваат зошто властите толку долго не го откриле проповедникот и неговиот култ.
На крајот, мораше да интервенира самиот кениски претседател Вилијам Руто, кој вети дека ќе ги истражи верските движења поврзани со криминалот.