9-годишно момче се бори за живот откако било нападнато од крокодил во Националниот парк „Какаду“ во Австралија.
Сето тоа се случило во саботата навечер, објавија тамошните медиуми.
По нападот, детето било пренесен во Здравствениот дом „Џабиру“. Тоа морало да биде префрлено со хеликоптер од здравствениот дом во поголема болница поради сериозноста на повредите.
Момчето моментално е на одделението за интензивна нега.
Во овој национален парк има околу 10.000 крокодили.
„Запомнете дека секаде каде што има вода, може да има и крокодили. Бидете внимателни во близина на реките и внимавајте на знаците за предупредување за крокодили“, се вели на веб-страницата на Националниот парк.
Портпаролот на на Националниот парк изјавил дека биле информирани за инцидент во кој крокодил повредил едно лице додека пливало.
„Инцидентот се случи во област во Националниот парк ‘Какаду‘ што не е достапен за пошироката јавност“, соопштил портпаролот.