Хорор во Америка: Момче (1) почина во градинка од предозирање со фентанил, 3 деца во болница – дрогата била под душекот за спиење (ВИДЕО)

Американската полиција соопшти дека килограм од дрогата фентанил бил пронајден под душек за спиење во градинка во Њујорк, каде едно дете починало, а три деца биле пренесени во болница.

Би-би-си јавува дека починатиот Николас Доминиси (1), кој само една недела бил во градинка, починал во петокот, а постои сомневање дека се предозирал со оваа дрога.

Се соопштува дека уште три деца се хоспитализирани откако стапиле во контакт со моќниот наркотик во дневен престој во Бронкс.

Две лица се обвинети за производство и трговија со дрога и убиство.

Се наведува дека полицијата смета дека децата на возраст од осум месеци до две години за време на престојот во градинката вдишувале фентанил.

Во болницата на трите деца кои преживеале им бил даден Narcan, лек кој се користи во итни случаи за да се спречи предозирање со опијати.

Џозеф Кени, главен детектив на њујоршката полиција, изјави дека при претресот на градинката полицајците пронашле околу килограм фентанил – под душекот каде што претходно спиеле децата.

Инспекторите, наводно, откриле и три преси за пакување дрога.