ХОРОР ВО КИНА, ИЗГОРЕ ДЕЛОВНА ЗГРАДА НА КОМПАНИЈА ЗА КОПАЊЕ НА ЈАГЛЕН: Најмалку 25 лица загинаа, десетици завршија во болница
Најмалку 25 лица загинаа, а неколку десетици се хоспитализирани по пожар во деловна зграда во кинеската провинција Шанкси , на северот на земјата.
Ова утрово го соопштија кинеските државни медиуми.
Пожарот избувнал околу 6:50 часот, по локално време, во четирикатница на компанија за производство на јаглен во градот Лулијанг .
Најмалку 63 лица се евакуирани од запалената зграда, а 51 се хоспитализирани.
A fire engulfed building cause at least 25 peoples died, and dozens were injured in the Lüliang of Shanxi Province, China 🇨🇳 (16.11.2023)
— Disaster News (@Top_Disaster) November 16, 2023
TELEGRAM JOIN 👉 https://t.co/9cTkji5aZq pic.twitter.com/02GtTSCwmV
Истрагата за причините за пожарот е во тек.