ХОРОР ВО КОЛОСЕУМОТ Сакал да направи магично селфи, а потоа паднал на метален кол: Врескал додека не ја изгубил свеста
Она што требаше да биде незаборавна авантура се претвори во драматична борба за живот, кога еден американски турист (47) падна на метален кол додека се обидуваше да се искачи на оградата на Колосеумот .
Според италијанските медиуми, несреќниот човек сакал да направи впечатливо, драматично селфи во древната зграда , но работите тргнале наопаку.
Акцијата траеше 20 минути
Откако ја изгубил рамнотежата и паднал на метален кол, преплашените туристи ги слушнале неговите крици кои продолжиле сè додека не ја изгубил свеста.
На спасувачите им беа потребни повеќе од 20 минути за безбедно да го извлечат од оградата. Еден од службениците на брзата помош даде изјава за медиумите:
„Тоа беше сложена операција. Губеше многу крв и мораше да работиме со голема претпазливост.“
Покрената истрага
Несреќниот турист бил однесен во болница, каде што лекарите успеале да му го спасат животот, иако шилецот му го повредил ‘рбетот. Тој заврши со 80 конци на грбот и моментално е во сериозна, но стабилна состојба, објави „Метро“ .
Карабинерите започнаа истрага, ги испрашаа повредените, како и неговите придружници, но деталите не беа откриени. Групата од САД била во Рим неколку дена пред инцидентот.