ХОРОР ВО ЛУКСУЗЕН ХОТЕЛ ВО ЊУЈОРК – Маж во пижами скокнал од покривот, летал 230 метри, а потоа…

Непознат маж скокнал од покривот на познат хотел со пет ѕвезди во Менхетен, Њујорк пишува весникот New York Post. Маж во четвртокот околу девет часот по полноќ скокнал од покривот на хотелот „Мandarin Оriental“, од височина од 230 метри, а констатирана е смрт на лице место.

Полицијата ги соопшти грозоморните детали за овој случај, кои ги пренесоа американските медиуми. Човекот не бил гостин во хотелот и го качил лифтот на персоналот на покривот, а потоа скокнал. При пад од височина од 230 метри удрил во дел од хотелската конструкција и од силината на ударот телото му се преполовило, а едната рака му била пронајдена од другата страна на улицата.

Човекот бил во пижами, пишува споменатиот весник и скокнал од покривот на хотел во кој ноќевање чини повеќе од илјада долари. Хотелот „Мandarin Оriental“ ги зазема последните 19 ката од зграда на Менхетен, која се наоѓа во т.н. „редица на милијардери“. Музичарите Бијонсе и Џеј Зи, моделот Жизел Бундхен, актерката Синтија Никсон и други некогаш имале луксузни апартмани во таа зграда.