Хорор во Париз: Миа (18) роди бебе и го фрли од прозорецот на хотелската соба!

Студентката (18) обвинета за убиство на новороденче фрлајќи го од прозорецот на хотелската соба во Париз е идентификувана како Миа МекКвилин. Миа била дел од група млади луѓе кои патувале низ Европа, соопштија француските власти.

Таа е осомничена дека го завиткала детето во чаршаф и го фрлила од вториот кат од хотелот, веднаш по породувањето. Детето итно било пренесено во болница, но за жал подоцна починало од последиците од повредите.

Миа порасна во Орегон и е огромен спортски ентузијаст, особено пливање и скијање.

– Не можам да коментирам ништо бидејќи не знам ништо. Тоа е семејна работа, само тоа можам да кажам, рекол нејзиниот дедо Ралф (78) во изјава за Дејли Мејл. Другите членови на семејството одбија да го коментираат случајот.

Париската полиција, која го истражува убиството на бебето, се сомнева дека Миа страдала од дијагнозата 
„негирање бременост“.  Миа е префрлена во болница по породувањето. Оттогаш таа е уапсена и обвинета за 
„убиство на дете“.