ХОРОР ВО САД – За време на матурска забава убиен еден матурант и неговиот татко, а ранети се уште седум лица
Две лица го загубиле животот, а неколку други се ранети во пукотница што се случила во вторникот во парк во Ричмонд, Вирџинија, додека матурантите и нивните семејства излегувале од кино каде штотуку завршиле со последните вежби, соопшти тамошната полиција, објавија американските медиуми.
Двајца осомничени се приведени по пукањето што избувнало нешто по 17 часот по локално време во кампусот на Универзитетот „Вирџинија Комонвелт“, каде што се одржувале локалните церемонии за дипломирање, им соопштил на новинарите привремениот началник на полицијата во Ричмонд, Рик Едвардс и други официјални лица.
„Мажите, на возраст од 18 и 36, починале, а еден од осомничените бил 19-годишник“, соопштил Рик Едвардс.
BBC јавува дека седум лица се ранети. Пукањето се случило пред театарот „Атриа“ и ги оставил во тотален шок матурантите во свечени униформи да трчаат за да се сокријат. Претставниците на училиштето велат дека пукањето се случило за време на церемонијата во средното училиште „Хугенот“. Уште една матурска забава закажана за вторник е одложена, а сите часови за среда се откажани.
Еден 18-годишен матурант и неговиот татко (36 г.) се убиени, соопшти полицијата, а началникот на полицијата Рик Едвардс вели дека 19-годишниот осомничен за крвавиот поход кој знаел барем една од жртвите е приведен.
Приведено е уште едно лице вооружено со пиштол, но полицијата подоцна соопштила дека ова лице не е вмешано во нападот.