ХОРОР ВО САРАЕВО: Пронајдени 3 тела во изгорена куќа, пукотници пред пожарот, полицијата го опколи местото

По пожарот, пожарникарите пронашле три тела во семејна куќа во населбата Широкача во Сараево!

Пожарот на Широкача траеше со часови и беше локализиран дури во доцните вечерни часови.

Локалните медиуми јавуваат дека пред пожарот се слушнале истрели, по што припадници на специјалната полиција ја опколиле куќата со долги цевки. Полицијата соопшти дека околу 21:10 часот дошло до експлозија.

Еден час пред пожарот слушнавме врисоци и пукотници од правец на таа куќа . Не знам што точно се случи – изјави жител за порталот Црна-Хроника.

Широча во еден момент остана без струја.

-Истрагата се уште е во тек и се утврдуваат околностите на смртта – изјави за Аваз Азра Бавчиќ, портпарол на Обвинителството на КС.