Најмалку 30 лица се повредени во ски-центар во Шпанија откако жичара се скршила на скијачка патека и луѓето паднале на земја.
Службите за итни случаи се на терен на станицата Астун, во каналот Роха, во североисточна Шпанија, и користат хеликоптери за да обезбедат итна помош и да ги транспортираат повредените.
,,Несреќа со жичницата кај ски-центарот Астун со повеќе повреди“, соопштија локалните власти.
Засега не е познат точниот број на повредени, но се претпоставува дека може да има околу 10 тешки повреди, додека една жена се бори за живот и со хеликоптер е пренесена во болницата во Сервет. Сите локални болници во Јака, Хуеска, Мигел Сервет, Универзитетската клиника, Рохо Виланова и Барбастро ги примаат повредените.
Причината за инцидентот сè уште не е со сигурност позната, иако се чини дека жичарницата пропаднала поради проблем со сајлата. Зимскиот центар, кој беше преполн, со многу викенд-скијачи од регионот, сега е затворен.