ХОРОР ВО СКОПЈЕ – Татко пријавил дека син му бил силуван од малолетници со непознат предмет

Н.К од Скопје синоќа пријавил во полиција дека двајца малолетници го силувале неговиот син.

Тој дошол во станица околу 19:30 часот и рекол дека неговиот син бил силуван на 28. ноември во центарот на градот.

Како што рекол, момчето било нападнато од двајца малолетници и силувано со непознат предмет. Во таа прилика, како што тврди, од неговиот син биле одземени лични работи.

Полицијата врши увид, а повеќе детали се очекуваат наскоро.

Нема информации во каква состојба е момчето и дали е однесено на докторски преглед.