Хорор во Скопје: 59-годишник обвинет за сексуален напад врз 15-годишна девојка

– Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе обвинение против 59-годишен маж, кој се товари за полов напад врз малолетно лице. Обвинителството вели дека на 24 август минатата година, во паркот Чаир, мажот почнал да допира дете, кое во тој момент наполнило 15 години. Кога почнал да ја допира, детето го зграпчило за рака и се заканилo дека ќе повика полиција. Обвинетиот во тој момент се обидел да избега и се скрил на влезот од зграда, по што детето ја затворило вратата и ја повикало полицијата, која го уапсила обвинетиот.

Обвинителството додава дека за безбедноста на обвинетиот во текот на постапката, на сила се мерки на претпазливост, утврдени од судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд во Скопјe, кои вклучуваат забрана за напуштање на местото на живеење, обврска за јавување пред надлежниот државен орган, одземање на пасош и други документи за преминување на државната граница и забрана за контактирање со оштетениот.

Иако во денешното соопштение на Обвинителството не е прецизирано за кој конкретен случај станува збор и дали јавноста претходно била информирана за тоа, сепак, според датумот на настанот и неговиот опис, станува збор за случајот во кој осомничен е Даим Хисени, таткото на поранешниот портпарол на коалицијата ВЛЕН, Фари Хисени. Вториот потоа објави дека ќе ги замрзне своите политички активности, бидејќи, како што рече, не сака да создаде впечаток дека преку функцијата што ја извршува – може на кој било начин да влијае врз институциите што го истражуваат случајот.