ХОРОР ВО СОЛУН – Девојка (19 г.) нападната со нож: “Од претходно го познавала напаѓачот“

Девојка (19 г.) попладнево е избодена со нож во месноста Саиксас, во Солун, Грција.

Според тамошните медиуми, се уште неидентификуван маж ја нападнал девојката околу 17 часот и 40 минути по локално време, при што девојчето се здобило со рани на нозете. Насилникот потоа побегнал.

Во тек е истрага, а полицијата трага по напаѓачот, додека повредената девојка е пренесена во болница.

Според првичните информации, жртвата и напаѓачот се познаваат.