Хорор во Србија: Во автомобил пронајдени тела на двајца тинејџери, постои сомневање дека се задушиле
Безживотните тела на двајца тинејџери се пронајдени во запален автомобил во гаража во Рашка, Србија.
Белградските медиуми јавуваат дека младото момче (17) и девојката (15) најверојатно се задушиле поради неисправни инсталации на возилото.
Полицијата добила повик од екипа на Итна помош од Краљево да излезе на терен во 02:50 часот, откако во населбата Шупње затекнала малолетници.
Полицијата работи на расветлување на сите околности на овој настан и засега нема дополнителни информации.
Истрагата за случајот со задушување во населбата Шупње во Рашка ја презеде Вишото јавно обвинителство од Краљево.