Маж од Б.С си пукал во глава во хотел во Будва, неофицијално дознава српскиот портал Курир, а според истите информации итно бил пренесен во болница во Котор.
– Во службата за итна помош било пријавено дека едно лице во хотелот во Будва викало и се заканувало со самоубиство. Полицијата притрчала на местото на настанот и не презела ништо против тоа лице – тој си пукал во глава – изјавил извор за споменатиот портал.
Според последните информации тој е сè уште жив и префрлен во болницата во Котор.
Како што дознале, тој човек во полициските досиеја бил евидентиран како лице опасно за јавната безбедност.