ХОРОР – Мало дете избодено до смрт среде улица: “Таткото го држел во раце додека друг маж го нападнал…“
Мало дете е избодено до смрт при расправија помеѓу двајца возрасни мажи на улица во чешкиот град Мост, објавија тамошните медиуми.
Според информациите, полицијата ги привела учесниците во инцидентот.
CNN Prima News објави дека таткото го држел своето дете во раце кога друг маж го нападнал. Очевидец на настанот изјавил за телевизијата дека осомничениот маж го прободело детето директно во вратот.
Момчето имало три или четири години, пишуваат тамошните медиуми.