Хорор на Божиќен фестивал: Одекнаа експлозии, а потоа избувна и пожар! Има повредени (ВИДЕО)

Две лица се полесно повредени во пожарот што избувна на божиќниот саем во Берлин.

Како што објави Билд, пожарот избувнал синоќа околу 20 часот откако на божиќниот пазар се запалиле две дрвени тезги.

Еден посетител на божиќниот пазар претрпел благо вдишување чад, додека операторот кој се обидел да го изгаси пожарот и се здобил со изгореници.

Додека се работело на гаснење на пожарот експлодирале две мали боци со плин.

Снимките на социјалните мрежи покажуваат облак чад, додека некои посетители го снимаат пожарот наместо да се евакуираат.

Пожарот е брзо изгаснат, а ситуацијата е под контрола, соопштија од итните служби.

Полицијата привремено ја исклучи струјата и го расчисти саемот од туристи.

Cè уште не е познато како настанал пожарот.

Божиќниот пазар е затворен од 20 часот и 30 минути синоќа и повторно ќе биде отворен до среда.