Тејлор Свифт е прогласена за личност на годината на Тајм

Тејлор Свифт е прогласена за личност на годината од страна на магазинот „Тајм“.

Музичката ѕвезда, чија турнеја заработи 1 милијарда долари оваа година, ги победи Владимир Путин, Барби и Сем Алтман за оваа чест.

Минатата година, украинскиот претседател Володимир Зеленски и „Духот на Украина“ беа на врвот на листата, откако доминираа во насловите на вестите ширум светот, пишува Дејли мејл.