ХОРОР НА ЛЕФКАДА – Уапсени двајца млади Срби осомничени дека претепале и брутално силувале 14-годишна девојка на плажа
Двајца млади мажи со српско потекло на 18 и 21 година се уапсени претходниот ден во Грција на островот Лефкада под сомнение дека силувале малолетничка, пишува ЕРТ.
На 28. август, во понеделник наутро, до локалната полиција била поднесена пријава во која се наведува дека 14-годишна девојка, жителка на островот, била принудена од двајца мажи на секс со употреба на физичко насилство.
Како што пишуваат грчките медиуми, немилиот настан се случил во петокот вечерта на 25. август на една од плажите на Лефкада.
Девојката наводно во текот на вечерта запознала млади Срби, а потоа заедно заминале на плажа, каде што двајца млади момчиња подоцна ја претепале и силувале.
Осомничените се идентификувани, а девојката била прегледана од лекарско вештачење.