Хорор на училишен излет: Тројца ученици сексуално злоставувале другар (15), таткото го пријавил случајот во полиција

Грчката полиција уапсила тројца малолетници под сомнение дека сексуално злоставувале другар (15) на училишна екскурзија во Јанина.

Таткото на жртвата го пријавил настанот во полиција веднаш откако неговиот син се вратил од екскурзија на 6 април годинава.

Како што пријавил таткото во полиција, а според приказната на неговиот син, тој спиел во хотелската соба кога почувствувал силен притисок кој го разбудил од сон и видел 15-годишен насилник и уште еден ученик покрај креветот.

Останатите пријатели, кои лежеле во креветите до нив, се смееле и се потсмевале на ова злоставување.

За овој случај бил информиран обвинителот на Службата за малолетници, како и родителите на малолетните 15-годишни насилници.

Уапсени се тројца 15-годишници, а во блиска иднина ќе дадат исказ родителите и директорката.

На жртвата ќе му се изврши вештачење.