Хорор случај ја тресе Македонија: Велешанец обвинет за силување на млада жена во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за обид за извршување на кривично дело полов напад и силување од член 186 ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик.

Како што соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, осомничената од Велес на возраст од 53 години во населбата Аеродром во Скопје, против јасно изразена волја на оштетената, со употреба на сила се обидел да изврши обљуба врз неа.

„Додека жртвата активно се спротивставувала со клоци и тупаници и силно врескајќи за помош, осомничениот излегол од возилото каде го извршил нападот и побегнал“, се објаснува во соопштението.

Со оглед на тоа што постојат околности што укажуваат дека додека осомничениот е пуштен да се брани од слобода, тој ќе избега или ќе се сокрие, со што ќе стане недофатлив на органите на прогонот, но имајќи предвид дека постојат посебни околности кои укажуваат дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз оштетениот сведок или дека ќе го повтори или доврши обидот за кривично дело, Основниот суд за кривична постапка му одреди мерка притвор.