Интуицијата е способност да се почувствува или препознае нешто без потреба од логично објаснување. Често се нарекува шесто сетило или внатрешен глас, а во некои ситуации токму таа ги донесува најважните одлуки – побрзо и попрецизно од која било рационална анализа.
Во светот на астрологијата, одредени хороскопски знаци се издвојуваат затоа што нивните членови имаат исклучително развиена интуиција. Еве за кои знаци станува збор.
Риба
Кога станува збор за интуиција, малку знаци можат да се споредат со Рибите. Луѓето родени под овој знак често имаат чувство за работи што допрва треба да се случат или ги разбираат расположенијата и емоциите на другите луѓе. Рибите се емпатични, чувствителни и духовно поврзани со светот околу нив.
Нивната интуиција често се изразува преку соништа, внатрешни визии или спонтано препознавање на вистината. Иако другите понекогаш може да ги перцепираат како претерано емотивни, токму оваа чувствителност им овозможува да препознаат кога нешто не е во ред, без разлика дали станува збор за луѓе, ситуации или идни настани.
Шкорпија
Шкорпиите се познати по својата длабочина и способност да навлезат во суштината на нештата. Нивната интуиција е речиси пресметана – не се базира на чувства како кај Рибите, туку на способноста да поврзуваат детали и да чувствуваат скриени мотиви. Тие многу брзо препознаваат лаги, манипулации или скриени мотиви, дури и кога сè изгледа совршено.
Тие се психолозите на зодијакот и честопати интуитивно знаат што мисли или чувствува другата личност, дури и ако вешто го кријат тоа. Шкорпиите често донесуваат одлуки водени од своите внатрешни чувства и речиси никогаш не се каат за таквите одлуки.
Рак
Раковите се исклучително интуитивни кога станува збор за луѓето што ги сакаат. Нивната интуиција доаѓа од длабока емоционална поврзаност и грижа за другите. Тие чувствуваат промени во расположението, тензии и скриени емоции кај семејството или пријателите, дури и кога ништо не им се кажува. Ова често ги прави заштитнички настроени и подготвени да реагираат пред проблемот да стане очигледен.
Раковите имаат способност да ја проценат атмосферата во просторијата. Оваа способност да ги читаат луѓето и емоциите им помага да одржат хармонија и да избегнат конфликти.