За некои луѓе, раскинувањето значи период на тага, саморефлексија и емоционално заздравување, додека за други, брз влез во нова романтична приказна. Причините за тоа може да бидат различни – некои луѓе едноставно не сакаат да се чувствуваат осамено, други бараат потврда за сопствената привлечност, додека трети искрено веруваат дека веднаш нашле некој со кој ќе бидат посреќни. Без разлика на мотивите, факт е дека некои луѓе речиси никогаш не остануваат сами меѓу врските, туку брзо преминуваат од една во друга врска.
Во астрологијата, постојат знаци кои се повеќе склони кон овој модел на однесување. Без разлика дали тоа е поради нивната емотивна природа, желба за возбуда или страв од осаменост, тие се познати по тоа што не се двоумат премногу долго по раскинувањето пред да најдат нова љубов. Еве за кои знаци станува збор.
Близнаци
Близнаците се познати по својата дружељубивост и потреба за комуникација. Кога врската ќе заврши, тие не губат време анализирајќи го минатото, туку се свртуваат кон иднината. Тие брзо запознаваат нови луѓе, флертуваат и истражуваат нови романтични можности. Нивната приспособливост им овозможува лесно да се поврзат со некој нов, а често не се ни сигурни дали бараат сериозна врска или само забава.
Вага
Вагите не сакаат да бидат сами и често им е тешко да функционираат без партнер. По раскинувањето, наместо да минат низ болна фаза на осаменост, тие инстинктивно бараат нова врска која ќе им го врати чувството на рамнотежа и сигурност. Нивната шармантна и привлечна природа брзо ги отвора вратите за нови романтични можности, па затоа ретко им треба долго време да најдат нов партнер.
Стрелец
Стрелците се познати по нивниот ентузијазам и отвореност за нови искуства. По раскинувањето, наместо да се повлечат во себе, тие се радуваат и се фрлаат во нови познанства. Тие имаат тенденција да веруваат дека секој крај е всушност нов почеток, а бидејќи ги привлекува авантурата и возбудата, често влегуваат во нова љубовна врска без да размислуваат премногу.
Риба
Иако се емотивни и често интензивно доживуваат раскинувања, Рибите не сакаат да бидат сами. Наместо долго да тагуваат, тие често се препуштаат на нова љубовна приказна за да ја пополнат емотивната празнина. Нивната склоност да ја идеализираат љубовта може брзо да ги доведе во нова врска, верувајќи дека ја нашле својата сродна душа.