И додека некои хороскопски знаци се нежни и избегнуваат конфликти, други не ги забораваат навредите и се подготвени за долгорочни битки. Ако некогаш сте се запрашале кои хороскопски знаци се најлоши непријатели, еве листа на четирите знаци кои најчесто се наоѓаат на таа листа.
Шкорпија
Шкорпиите се познати по својата интензивна природа и исклучителна способност да се сетат на секоја неправда. Ако ги повредите или предадете, ќе им биде тешко да простат, а уште потешко да заборават. Нивната упорност и острина ги прави непријатели кои одат до крај, без оглед на цената. Конфликтот со Скорпиите ретко завршува брзо – нивната одмазда може да биде внимателно испланирана и долготрајна.
Јарец
На прв поглед, Јарците не изгледаат како знак кој долго би се задржувал на одмазда, но нивната студена и пресметлива природа може да биде застрашувачка. Кога некој ќе ја премине нивната граница, тие не реагираат бурно, туку намерно и чекор по чекор. Да се има Јарец како непријател значи да се има противник кој нема да се откаже сè додека не го постигне она што го зацртал.
Лав
Лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието и ретко толерираат предавство или непочитување. Ако им се испречите на патот или им ја повредите гордоста, Лавовите можат да станат страшни противници. Нивната сила доаѓа од харизмата и способноста да ги придобијат другите на своја страна. Кога Лавовите се чувствуваат загрозени, тие ќе ја искористат целата своја моќ и влијание за да покажат дека било лоша идеја да им се налутат.
Бик
Биковите се познати по својата тврдоглавост, и откако ќе одлучат дека не можат да ви простат, тешко е да се предомислат. Во конфликт, тие се држат до своите верувања и не попуштаат, дури и кога е јасно дека компромисот би бил поедноставно решение. Нивната издржливост ги прави непријатни непријатели. Биковите нема да заборават предавство и ќе ве потсетуваат на тоа со години.