Во секоја врска може да се случи едната страна да вложи повеќе труд од другата. Додека во некои врски оваа динамика е привремена, во други стана секојдневие. Во продолжение дознаваме во кои хороскопски знаци се родени луѓе кои се пасивни во врските и не изгледаат заинтересирани.
Риба
Луѓето родени во знакот Риби се често емотивни и интуитивни, но можат да бидат многу пасивни во врските. Нивната тенденција да избегаат од реалноста и да се затворат во сопствениот свет на фантазии може да ги направи помалку присутни во врската. Се чини дека Рибите лебдат низ врската затоа што често се очекува нивниот партнер да ја преземе водечката улога.
Вага
Вагите се познати по нивната желба за хармонија и избегнување на конфликти, што може да резултира со пасивност. Тие имаат тенденција да избегнуваат конфликти, поради што понекогаш не ги изразуваат сопствените потреби или желби, надевајќи се дека проблемите сами ќе се решат.
Бик
Иако се познати по својата лојалностж Биковите знаат да бидат многу тврдоглави и отпорни на промени. Оваа тврдоглавост може да се манифестира како пасивност, особено кога се чувствуваат принудени да се променат или кога се незадоволни од динамиката на врската, но не се обидуваат активно да го решат проблемот.
Јарец
Јарците се практични и амбициозни, но нивниот фокус на кариерата и целите може да ги направи пасивни во емотивните аспекти на врската. Тие често знаат да бидат премногу зафатени со своите обврски за да ги вложат потребните напори за одржување на романтиката и интимноста.