Осаменоста е сложено чувство кое може да нè погоди дури и ако имаме исполнет социјален живот. Можеме да бидеме опкружени со колеги, членови на семејството или пријатели, а сепак да се чувствуваме изолирани и невидливи. Ова чувство често се поврзува со недостаток на длабока емоционална поврзаност со другите и со верувањето дека никој не нè разбира целосно. Еве во кои хороскопски знаци се раѓаат луѓето кои се чувствуваат осамено во општеството.
Водилија
Водолиите се познати по својата независност и оригиналност. Тие често се чувствуваат како да се различни или дека не припаѓаат во групата во која се наоѓаат. Нивната потреба за индивидуалност може да ги наведе да се чувствуваат одвоени од другите, дури и во општеството.
Риба
Рибите се исклучително чувствителен знак и имаат сложен емотивен свет. Можеби се чувствуваат осамено затоа што другите можеби не ја разбираат длабочината на нивните емоции. Рибите тешко се отвораат за своите најдлабоки чувства, што ги остава изолирани дури и во присуство на други.
Шкорпија
Шкорпиите се интензивни и страсни, но и многу затворени. Тие се таинствени по природа, што може да резултира со чувство на осаменост бидејќи им е тешко да се отворат и да ги споделат своите вистински мисли и чувства со другите.