Хотелот „Ово Патагонија“ се состои од капсули кои висат на стрмните карпи.
Доаѓањето до овој уникатен планински хотел вклучува пешачење и искачување по козји патеки.
Хотелот се состои од проѕирни капсули кои висат од карпи високи речиси 275 метри.
За да стигнете до овој хотел, треба да пешачите длабоко во аргентинската Патагонија, а потоа да се искачите на стрмните карпи користејќи штипки и јажиња. Ова искуство бара појаси, кациги и многу храброст.
Еден корисник на Инстаграм постави видео од овој хотел и опиша како се чувствувал додека престојувал таму.
„Навистина не можам да го опишам неверојатното чувство на спиење во капсула која лебди висока 370 метри “, напиша тој под видеото.
Хотелот Ovo Patagonia се наоѓа на југот на Аргентина, во прекрасна природа, а е создаден за да им овозможи на луѓето кои се уморни од градската атмосфера да доживеат уникатна врска со природата.