За луѓето со проблеми со тироидната жлезда, особено хипотироидизам и Хашимото-ов синдром, исхраната игра клучна улога во контролирањето на симптомите и одржувањето на здравјето.
Некои видови храна може да ја попречат работата на оваа важна жлезда , па затоа е важно да знаете кои од нив треба да се избегнуваат или да се консумираат поумерено.
Гоитрогени – супстанции кои ја отежнуваат апсорпцијата на јод, кој е неопходен за тироидните хормони. Ги има во сировата зелка, кељот, брокулата, карфиолот, сојата, спанаќот и кикириките. За среќа, готвењето значително го намалува нивното негативно влијание.
Рафинираните шеќери и едноставните јаглехидрати , како што се белото брашно, тестенините, колачите и газираните сокови, може да предизвикаат скокови на шеќерот во крвта и да го зголемат воспалението во телото.
Сојата и производите од соја (тофу, соја сос, млеко од соја) може да ја попречат апсорпцијата на хормоните кај оние кои веќе се на терапија со тироидната жлезда.
Недостатокот на јод, исто така, може да предизвика проблеми , па затоа се препорачува умерен внес на јодирана сол и храна богата со јод.
Преработеното месо и транс-масните (на пр. виршли, паштети, маргарин, пржена храна) го зголемуваат воспалението, што може да ги влоши автоимуните болести.
Кофеинот и алкохолот , во поголеми количини, можат да ја нарушат хормоналната рамнотежа и дополнително да ја иритираат тироидната жлезда.
Вештачките засладувачи и адитиви , како што се аспартамот и сукралозата, може да предизвикаат влошување на симптомите кај луѓето со Хашимото.
Ако ви е дијагностициран или се сомневате дека имате проблем со тироидната жлезда, консултирајте се со вашиот лекар или нутриционист. Правилната исхрана може значително да придонесе за благосостојба и хормонална рамнотежа.