Хрватката која се прослави на Светското првенство го “изгоре“ Инстаграм! Ивана Кнол игра по долна облека, сцените оставаат без здив (фото/видео)
Најпознатата навивачка и ѕвезда на минатогодишното Светско првенство, Хрватката Ивана Кнол, на големо се врати на социјалната мрежа Инстаграм со својата најнова објава.
Сексапилната Ивана Кнол ги изненади своите 3,5 милиони следбеници со видео во кое го покажува своето витко тело во бројни пози од многу атрактивни агли. Во видеото Ивана итро врти во провокативна долна облека која открива многу и како и секогаш ја разгорува фантазијата на нејзините обожаватели. Во описот на видеото таа само накратко напиша: „Се вратив!“
„Ако големиот мајстор Леонардо да Винчи ја видел г-ѓа Ивана Кнол пред да умре, веројатно ќе ја насликал наместо Мона Лиза“, гласи еден од коментарите во кои се величи изгледот на Хрватката.
„Дали оваа содржина е за OnlyFans или што ?“, праша еден љубопитен нејзин обожавател во коментарите.
Да потсетиме, оваа атрактивна Хрватка се прослави за време на Мундијалот во Катар и ги пустошеше социјалните мрежи. Денес, таа патува низ светот и е исклучително популарна на социјалната мрежа Инстаграм а гостуваше на многу познати подкасти, емисии и се дружеше со големи имиња како Дрејк, Леонардо ди Каприо и Џејми Фокс.