Од час во час вестите доаѓаат од Грција, каде во понеделникот вечерта беше убиен навивач на АЕК.
Како што објави Вечерњи лист, дошло до голем пресврт во истрагата.
Првите наводи беа дека за убиството на 29-годишниот Михалис Кучурис е осомничен хрватски државјанин, но новите податоци сепак укажуваат дека се работи за Грк!
Вечерњи лист, кој се повикува на изјавата на репортерот на Нова ТВ, наведува дека убиството најверојатно го извршил грчки државјанин.
„ Според неофицијални информации, полицијата има отпечатоци од убиецот, а тој наводно е грчки државјанин “, рече репортерот на Нова ТВ.
Сите приведени се претходно однесени на ДНК тест, а убиецот оставил траги на починатиот навивач.
Наскоро се очекува да биде објавен идентитетот на убиецот.