Хрватска во првите пет земји на ЕУ со најмногу судски предмети

Врз основа на податоците од последниот извештај објавен од „EU Justice Scoreboard“, пред Хрватска, како последни земји кои се приклучија на ЕУ, има земји од регионот, Скандинавија и Европа.

Европската комисија неодамна објави извештај за ефикасноста на правосудството на земјите од Европската унија и за бројот на предмети во судовите. Според овие податоци, Хрватска е на петтото место со околу 26 случаи на сто жители. Според извештајот на „Justice Scoreboard“ (EUJS) за ефикасноста на правосудството во 26 земји на ЕУ (без податоци за Германија), повеќе предмети од Хрватска имаат имаат Полска (28), Словенија (29), Австрија (35) и Данска (42).

На листата на граѓански и трговски предмети, Хрватска е трета со околу 3,3 случаи на сто жители, а потоа следат Романија (6,5) и Белгија (6,1).

На крајот на 2021 година, единствено Полска со околу 8,5 случаи имаше повеќе од Хрватска (7,8 нерешени судски предмети на сто жители). Но, Хрватска имаше најмногу нерешени трговски и граѓански предмети, со околу 4,3 на сто жители. Може да се заклучи дека судиите во Хрватска се едни од најпреоптоварените во ЕУ, односно дека Хрватите најмногу ги „окупираат“ судовите.

Според „времето на решавање“ на сите судски предмети Хрватска е на 14 позиција со околу 120 дена. Во Данска, Естонија и Латвија судските случаи се решаваат брзо. Исто така и во соседна Словенија, која според овој критериум е на четвртото место. Хрватска е на седмото место меѓу земјите на ЕУ во однос на времето потребно за решавање на првостепените административни случаи.

Овие случаи во Хрватска се решаваат за околу 120 дена. Сепак, по Судот на грчката администрација на Јужен Кипар, кој троши најдолго време за решавање на судски предмети со над 3.000 дена, рангиран е Врховниот управен суд на Хрватска со околу 1.900 дена.

Што се однесува до времетраењето на случаите на корупција, во Словенија се потребни речиси 800 дена за разгледување, од друга страна во Хрватска овие судски предмети се водат 630 дена. Во однос на алтернативните методи за решавање спорови, Хрватска е последна во ЕУ.

Врз основа на десет критериуми, „EU Justice Scoreboard“ ги процени можностите за пристап до судот за лицата во ризик од дискриминација и постарите лица. Хрватска, заедно со Унгарија и Данска, исполнува само еден од овие критериуми.

Слични критериуми има и за семејно насилство, а Хрватска исполнува 5 од 10, а полоши од неа се само Грчката администрација на Јужен Кипар, Унгарија и Данска.

Слични критериуми има и за семејно насилство, а Хрватска исполнува 5 од 10, а полоши од неа се само Грчка администрација на Јужен Кипар, Унгарија и Данска.

Инаку, според голем број критериуми, Хрватска е на дното во ЕУ – во однос на достапноста на онлајн информации за судството и судските процеси до јавноста.

TRT Balkan