Хрватска гласаше за воведување воена служба, регрутите можат да очекуваат повици уште во декември оваа година
Хрватскиот парламент го усвои Законот за измени и дополнувања на Законот за одбрана и Законот за служба во вооружените сили, со кој се воведува основна воена обука што ќе започне во 2026 година.
Регрутите можат да ги очекуваат првите покани за лекарски прегледи пред воената служба на почетокот на декември оваа година.
Планот е годишно да се поканат приближно 4.000 новодојденци поделени во пет генерации, а во 2026 година ќе бидат поканети мажи кои се регрути родени во 2007 година.
Целта е мажите да се регистрираат на 18 години, а да бидат испратени на воена служба на 19 години. Мажите на воена возраст кои се постари од 19 години и помлади од 30 години можат да бидат испратени на воена служба и можат, доколку сакаат, да аплицираат доброволно. Жените нема да подлежат на оваа обврска, но можат доброволно да станат дел од воена обука.
Во случај регрутите да не одговорат, армијата издава наредба до полицијата да го приведат со парична казна од 250 до 1.320 евра.
Како што беше претходно најавено, обуката треба да трае два месеци, а воената служба ќе се смета како дел од стажот, кој ќе биде платен со 1.100 евра нето. На работодавачите ќе им биде забрането и да ги отпуштаат вработените кога треба да одат на воена обука.