Македонските државјани се трети по број на листата на странски работници кои официјално имале работни дозволи и работеле во Хрватска минатата година.
Според податоците што ги објави МВР на Хрватска, лани во Хрватска работеле 13.412 државјани на Македонија. Многу луѓе од Македонија, особено во туристичката сезона, заминуваат на работа во оваа земја која е дел од Европската унија и има развиен туристички сектор.
Најголем број странски работници во Хрватска, над 23 илјади, биле од азиската земја Непал. Следуваат Индијците, над 15.000 странски работници лани работеле во Хрватска. Покрај Македонија, Хрватска има и големи контингенти странски работници од Филипините, Бангладеш, Косово, Турција и Албанија. Вкупно Хрватска има издадено 172.000 работни дозволи на странци за постојано вработување, што е рекорд во оваа земја.
Хрватската служба за вработување објави дека повеќето странци биле вработени како градежници, келнери и помошници на готвачи. По сектори, готвачите земале највисока просечна нето плата, 697 евра месечно. Најмалку платени биле странските испраќачи кои имале просечна плата од околу 560 евра.