Хрватскиот водител Далибор Петко сними пародија на победничкиот настап на Евровизија, а предизвика реакција и од самиот Немо, кој победи со песната „The Code“.
Имено, додека Немо во финалето се појави во розово здолниште и обемна јакна во розови нијанси додека се вртеше на тркалезна платформа, Петко реши тоа да го претстави на свој начин.
„Швајцарскиот настап кој по грешка e пуштен на хрватското жири“, напиша тој покрај снимката.
На видеото е прикажан Петко во слична облека – обемна розова блуза, здолниште и бели хулахопки додека се врти на таблата.
Видеото стигна дури и до Немо, небинарен уметник од Швајцарија, кој го насмеа и му рече: „Ова е одлично“.
Инаку, Немо освои вкупно 591 поен, додека второпласираниот Бејби Лазања освои 44 поени помалку од него. Сепак, најмногу гласови од публиката освои Baby Lasagna, вкупно 337 поени, поради што многумина напишаа дека хрватскиот претставнк требало да победи.