Хрват ја гради вилата на Путин! Нови детали за мисѕериозната палата: Вградена во карпа над морето, ова чини неколку милиони (ВИДЕО)
Независната руска медиумска платформа „Проект“ објави голема истрага и филм за изградбата и украсувањето на палатата во црноморскиот град Геленџик, која наводно е во сопственост на рускиот лидер Владимир Путин.
Во проектот е наведено дека вилата ја реновирала фирмата „Велестрој“, која наводно е во сопственост на хрватскиот државјанин Крешимир Филиповиќ. Медиумите претходно објавија дека Велестрој е поврзан со палатата како закупец на некои простории, но до сега не се знаеше дека оваа фирма е главен изведувач.
Наводно на првата страница од документацијата за работите стои името на фирмата , додека во финансиската евиденција на Комплексот, кој наводно е кодно име за грандиозен градежен зафат, се гледа дека од 2019 година Велестрој добил повеќе од 400 милиони рубљи или нешто повеќе од четири милиони евра за градежни и монтажни работи.
Вистинскиот сопственик на „Велестрој“ не се појавува во сегашниот руски обединет државен регистар на правни лица, но познато е дека во 2022 година, 85 отсто од компанијата беше во сопственост на Крешимир Филиповиќ.
Медиумите претходно тврдеа дека Филиповиќ на Балканот го нарекуваат „паричник на Путин“, додека меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари го сомничи Велестрој за наводно повлекување милиони долари добиени од државната Транснефт, како и за нивно перење. Собеседник во 2019 година тврдеше дека Филиповиќ е вонбрачен сопруг на тогашната заменик-градоначалничка на Москва, Анастасија Ракова и дека присуствува на состаноци со многу високи функционери.
Во 2017 година, Путин на Филиповиќ му врачи почесна повелба во знак на благодарност за неговата работа.
Крешимир Филиповиќ, кој има 48 години, од анонимен инженер од загрепска Мамутица стана моќен руски индустријалец. ,,Јутарњи” претходно напиша дека хрватскиот бизнисмен бил вмешан во тешкото преземање на уделот на Фортенова од половина милијарда евра.
Неодамна, се појави видео од раскошно реновирана палата на брегот на Црното Море, која вклучува 16-катен подземен комплекс вграден во карпата .