Христијан Мицкоски: “И покрај опструкциите на власта, општина Бутел се развива и ги спроведува ветените проекти“
Задоволство е секогаш да се биде дел од проекти кои што се реализираат какви што се тука во општина Бутел. Му честитам на Дарко, на дел од советниците во Општината. Исто така им честитам и на луѓето кои што се дел од администрацијата во Општина Бутел и кои што работат макотрпно заедно со градоначалникот да буквално да кажеме од ништо да направат нешто.
Самиот градоначалник кажа дека имаат големи опструкции од страна на централната Влада, Владата на ДУИ – СДСМ или СДСМ – ДУИ како ви е полесно. Зошто тоа го прават? Затоа што народот овде во општина Бутел даде би рекол недвосмислена поддршка во 2021 година на локалните избори за Дарко и за ВМРО-ДПМНЕ. И сега тие со тоа што не ја поддржуваат Општината ги казнуваат сопствените граѓани.
Но, добрата вест е тоа што за неколку месеци од денеска ќе имаме Влада од ВМРО-ДПМНЕ која што има намера преку проектот, а тоа е 250 милиони евра за капитални инвестиции во општините во Македонија без разлика дали се тоа општини на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, Алијансата на Албанците, БЕСА или се независни градоначалници, да помага и да реализира проекти. Бидејќи на тој начин се подобруваат условите за живот на сите граѓани.
Владата треба да биде Влада на сите граѓани, а не само на оние кои што ја гласаат, и не само за себе преку криминалните тендери кои што ги крадат местејќи ги во четири очи.
Уште еднашка сум среќен, задоволен и почестен секогаш да бидам дел од проектите кои што градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ги реализираат. Му честитам на Дарко уште еднашка, на советниците во Општина Бутел, на администрацијата, за сето тоа што го прават тука. Знам дека ќе продолжат со исто темпо, а веќе со новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го засилиме и ќе направиме и работи кои што не сме ги ветувале за време на кампањата на локалните избори во 2021 година.
Дарко Костовски: “Бутел конечно добива плоштад, следува и изградбата на ново корито на Серава“
Почитувани,
Денес имам особена чест што во посета на Бутел е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно бевме на повеќе локации, бевме и на еден спортско рекреативен центар кој го отворивме пред неколку дена. Знаете дека во секое населено место имаме по еден спортско рекреативен центар, а во моментов се наоѓаме во првото место кое слободно може да го наречеме плоштад кој го носи името „Слобода“.
Конечно општина Бутел добива едно место каде ќе можат луѓето да се собираат и организираат манифестации на отворено. Не е ова ветениот плоштад кој го најавивме пред избори, ова е плоштад кој не беше најавен, а е изграден, а најавениот ќе биде многу поголем и ќе се наоѓа на територија на Бутел 1, веднаш до црквата Свети Јован и се надевам дека наскоро ќе почнеме со работа и таму.
Тоа што би сакал да го истакнам е дека плоштадот на кој се наоѓаме денес е со вредност од околу 4 милиони денари и би сакал да истакнам дека следната недела конечно реализираме предизборно ветување, барање на граѓаните повеќе децениско, а тоа е уредување и изградба на ново корито на реката Серава на потегот Радишани и ќе бидете известени за почетокот на изградбата.
Веднаш потоа ќе изградиме и трим патека за рекреирање, така да конечно граѓаните на Бутел ќе добијат вистинско место за рекреирање на територијата на општина Бутел, проект вреден околу 40 милиони денари и навистина и јас и мојот тим сме горди што едно од клучните предизборни ветувања ги реализираме.
Училиштето во Визбегово ќе започне со работа од први октомври. Во завршна фаза е веќе и завршена градинката на територија на општина Бутел, во моментов асфалтираме улици и до крајот на оваа година ќе бидат 60 нови асфалтирани улици за период од две години, што не било случај за 10 години наназад.
Општина Бутел се менува и ќе продолжиме со посилно темпо, особено за периодот кога многу скоро ВМРО-ДПМНЕ ќе формира влада и за разлика од сега кога немаме помош од централната власт, тогаш секако ќе имаме квалитетна помош за уште подинамично и поквалитетно да работиме на територија на општина Бутел и секако претседателот Мицкоски како иден премиер со огромна поддршка на сите проекти коишто ќе треба во иднина да ги реализираме.
СООПШТЕНИЕ – Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Дарко Костовски, градоначалник на општина Бутел