08:40 Спасувачкиот тим на Пакистан повика на меѓународни напори за рехабилитација по земјотресот
Пакистанскиот тим за пребарување и спасување изрази солидарност со народот на Турција и ја повика меѓународната заедница да зачекори напред и да и’ помогне на земјата.
„Нивото на уништување е над капацитетот на една земја“, изјави мајорот Матин, водач на 33-члениот тим за урбано пребарување и спасување во пакистанската армија, неколку моменти пред да полета назад дома по 17-дневна операција во југоисточната провинција Адијаман, јави ТРТ.
Пофалувајќи ја турската влада и цивилната администрација за доброто менаџирање со ситуацијата по земјотресот, тој рече:
„Поради нивото на уништување, меѓународната заедница треба да излезе и да им помогне на овие луѓе. Навистина им треба вашата помош“.
07:40 Дендијас: Постземјотресната клима нуди простор за продолжување на дијалогот со Турција
Климата што се појави по земјотресите во Турција на 6 февруари ѝ дозволува на Атина да го обнови дијалогот со Анкара, рече грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендијас.
„За мене, главна задача во моментов не е изнаоѓање решенија, тоа е заштита на (позитивната) клима“, изјави Никос Дендијас за грчката ТВ Скај, подвлекувајќи дека сега преовладува позитивна клима во билатералните односи благодарение на придонесите на двете страни.
„Сакам да се задржам на позитивниот дел: дека во моментов има одлична клима. Во рамките на оваа клима, мислам дека можат да се изградат унифицирани пристапи за исклучително тешки прашања.