– Јеменското движење Хуси вчера соопшти дека сакаат мир и дека сакаат да ги поттикнат потребните прилагодувања на американското однесување кон Јемен и Палестина.
Тоа го рече Хусеин Ал Ази, заменик министер за надворешни работи во администрацијата што ја водат Хусите.
Ал Ази предупреди и на способноста на нивните сили да предизвикаат тонење на бродови и други пловила од кое било место околу Јемен до која било точка во Црвеното Море, Арапското Море и Медитеранот.
Тој додаде дека Хусите „ќе го остават овој чекор за некој друг пат“, не давајќи дополнителни детали.
САД не дадоа каков било коментар на изјавата на претставникот на движењето Хуси.
Претходно во саботата, Хусите објавија дека САД и Велика Британија во два воздушни напади ја бомбардирале крајбрежната покраина Ел Худаида во западен Јемен.
Воздушните напади уследија неколку часа откако Хусите соопштија дека нападнале британски нафтен танкер во Аденскиот залив со поморски проектили.