Хју Хефнер ја држел сопругата во заробеништво! Шок детали од вилата на Плејбојот – Кристал откри низ кој пекол минувала
Кристал Хефнер изјави дека Хју Хефнер емоционално и физички ја малтретирал и ја држел заробена во вилата на Плејбој.
Кристал Хефнер имала 21 година кога го запознала 60 години постариот Хју Хефнер , основачот на Плејбој и истоимената палата. Тие се венчаа во 2012 година и беа заедно до неговата смрт во 2017 година. Родена е во Британија, а имала осум години кога со родителите се преселила во САД. Таа го изгубила својот татко како 12-годишно девојче, по што нејзината мајка имала огромни финансиски проблеми. Подоцна сонувала да биде убава и моќна како Памела Андерсон и Кармен Електра.
Хју Хефнер ги контролираше нејзините движења
Таа беше донесена во замокот на Хју Хефнер од неговото обезбедување бидејќи тој секогаш го добиваше она што го бараше. Кога го видела за прв пат, душата и го напуштила телото, вели Кристал Хефнер. Не знаеше што да му каже и немаше сомнеж дека му се допаѓа бидејќи беше многу помлада од него. Во тоа време тој имал две девојки, 19-годишни близначки , кои потоа завршиле во центар за рехабилитација.
По викенд забавата ја поканил да преноќи, а потоа да се всели во вилата. Таа беше една од неговите пет омилени девојки, поточно петта омилена и подоцна го зазеде првото место. Поради него ги напуштила студиите.
– Дефинитивно мораше да му се покориш, а јас бев емоционално малтретирана , финансиски малтретирана, физички контролирана. Ми кажа како треба да изгледам и што да облечам – рекла таа.
Ја обожавала храната што се служи таму, но морала да ослабе и достигне 50 килограми.
Хефнер им дал на девојките по 1.000 долари, но не им било дозволено да го напуштат замокот , кој бил опишан како место на слобода, но всушност бил затвор, додава Кристал. По расправијата кога се обидела да избега, Хефнер го слушнала како му кажува на обезбедувањето: „Ако Кристал се обиде да замине, вратете ја назад“. Имала напади на паника поради „лудите“ забави кои ги правел во неговата куќа.
Еднаш неделно таа, како и другите девојки во вилата, морала да има секс со Хефнер, задолжително да се носи истата облека, да се пушта иста музика додека тој гледа порно филм. Како лубрикант користел бебешко масло, поради што девојките добивале инфекции, продолжува да открива шокантни детали од вилата на Плејбој и истакнува дека скандалозниот женкар бил очаен во кревет.
Пет дена пред венчавката, Кристал Хефенр се обидела да побегне од „затворот“, но се помирила. Венчавката е снимена за ТВ емисија, тој добил 800.000 долари, таа само 2.500 долари, пишува The Sun.